Барселона доживеа сериозен удар по победата со 1:0 над Атлетико Мадрид вчера, која практично им овозможи на каталонците да ја заверат титулата во Ла Лига.
Според „Catalunya Radio“ капитенот на „каталонците“ Андрес Иниеста ќе биде аут од терените за околу еден месец откако доби мускулна повреда во бутината.
Барселона потврди на официјалниот сајт дека фудбалскиот волшебник добил повреда, која ќе го прати во амбуланта на неодредено време. Сепак, материјалот не споменува колку време ќе трае третманот.
Каталонските медиуми се убедени дека Иниеста нема да биде подготвен за реваншот со Челзи во Лигата на шампионите на 14-ти март.
„Иниеста е уникатен играч, малку како Меси. И затоа е тешко да го замениш. Тој е уникатен со своите карактеристики. Ајде да видиме колку е сериозна повредата. Тој продолжи да игра и затоа си помисливме дека не е нешто страшно“, рече тренерот Валверде.