УЕФА би можела да го казни Манчестер Јунајтед поради навивачите

од Vladimir Zorba
436 прегледи

Европската фудбалска централа (УЕФА) ги чека извештаите на набљудувачите од натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, пред да одлучи дали ќе го обвини англискиот клуб за неспортско однесување на навивачите на „Олд Трафорд“.

Јунајтед синоќа загуби од Атлетико со 0:1 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите и е елиминиран од натпреварувањето, бидејќи на првиот меч во Шпанија одигра нерешено 1:1.

Домашните навивачи на крајот од мечот со разни предмети го гаѓаа тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, кој одеше кон тунелот, поради што УЕФА ќе размисли за казна, објави Би-Би-Си.

Јунајтед нема освоено ниту еден трофеј пет години, најдолг во низа од 1977 и 1983 година, кога го освоија ФА Купот.

Слични содржини