УЕФА не беше милосрдна ниту кон настапите на фудбалските репрезентации на Белорусија.
„Извршниот комитет на УЕФА се состана денеска и одлучи дека сите белоруски клубови и репрезентации кои се натпреваруваат во натпреварувањата на УЕФА ќе мора да ги играат своите натпревари на домашен терен на неутрални терени со одлука што стапува веднаш на сила. Исто така, на натпреварите на кои домаќини се екипите од Белорусија, нема да присуствува публика. Извршниот комитет на УЕФА ќе свикува дополнителни вонредни состаноци, на редовна основа, онаму каде што е потребно, со цел повторно да се процени правната и фактичката состојба како што се развива и да се усвојат дополнителни одлуки по потреба“, се вели во соопштението.
Претходно, УЕФА и ФИФА, европската и светската фудбалска куќа, презедоа сериозни чекори и драконски ги санкционираа руските клубови и репрезентацијата.
Тие беа исфрлени од сите натпреварувања до понатамошно известување, а УЕФА истиот ден соопшти дека ја прекинува соработката со еден од главните спонзори на Лигата на шампионите.
Се претпоставуваше дека УЕФА, според писмото од договорот, добивала околу 40 милиони евра годишно од Гаспром.
Бидејќи овој енергетски гигант е во мнозинска сопственост на државата, а Русија ја нападна Украина, УЕФА, која го осуди чинот на агресија, се одлучи на овој чекор.