Хрватскиот фудбалски сојуз е казнет поради недоличното однесување на своите навивачи на натпреварот со Албанија на Европското првенство во Германија.
Многу бура се крена поради тој меч на кој дел од албанските навивачи дојдоа облечени во униформи на терористичката „УЧК“, а потоа во хор скандираа: „Убиј го Србинот“ заедно со хрватските навивачи.
Хрватите подоцна се оградија од непримерните слогани, тврдејќи дека такво нешто скандирале албанските навивачи. Сепак, УЕФА не ги казни поради тоа.
Хрватскиот сојуз е казнет со вкупно 28.000 евра за палење факели и за фрлање тврди предмети на теренот (10.500 евра).
УЕФА со слична сума казни и други фудбалски асоцијации на други натпревари каде предметите завршиле на или во близина на теренот.
Европската куќа на фудбалот засега нема одлука во објавената постапка поради расистичкото и дискриминаторско однесување на хрватските навивачи за споменатото скандирање против Србите во Хамбург. Натпреварот меѓу Хрватска и Албанија заврши нерешено 2:2.