256
Англиски Тотенхем со одлука на УЕФА нема да може да го одигра последниот натпревар од групната фаза на Конференциската лига против Рен.
Наместо тоа, Тотенхем ќе го загуби натпреварот на „зелена маса“, откако не е можно да се најде нов датум за играње на натпреварот кој беше откажан поради коронавирусот.
Натпреварот требаше да се одигра на 9 декември, но откако во лондонскиот тим се разболеа десетина играчи и петмина членови на стручниот штаб, УЕФА реши прво да го одложи натпреварот, а сега целосно да го откаже натпреварот и да го регистрира како 3-0 за францускиот тим.
Со поразот од овој меч, Тотенхем ќе остане трет во групата Г од Конференциската лига, што значи дека нивната европска авантура за оваа сезона е завршена.