УЕФА го одобри барањето на Реал за натпреварот против Сити

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Реал Мадрид побара и на крајот доби дозвола да го спушти новиот покрив на стадионот Сантијаго Бернабеу за нивниот дуел во Лигата на шампионите против бранителот на титулата Манчестер Сити подоцна денеска.

Шпанската страна, победник на турнирот 14 пати, се надева дека играњето под покрив на нивниот новореконструиран стадион може да ја подобри атмосферата и да ја направи позастрашувачка за посетителите.

Деновиве „белите“ се обратија до УЕФА со барање за ова и тоа беше испочитувано, според последните информации од Шпанија денеска.

Во Ла Лига, Реал Мадрид веќе одигра неколку натпревари на затворениот „Бернабеу“. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, прокоментира дека досега не присуствувал и би бил заинтересиран да види какво ќе биде чувството.

Слични содржини