УЕФА го одреди датумот на ждрепката за баражот за Мундијалот, меѓу носителите ја нема Македонија

од Vladimir Zorba

Со пласманот на Холандија директно на Светското првенство синоќа ги добивме сите учесници од Европа кога се во прашање победниците во групите, а тука се и Данска, Германија, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Англија и Швајцарија, како и домаќинот Катар, како и Бразил и Аргентина.

Сега се знае кој е во ждрепката за Светското првенство кога е Европа во прашање.

Португалија, Шведска, Италија, Украина, Велс, Шкотска, Турција, Русија, Полска, Северна Македонија ќе се борат за преостанатите три места од Европа во баражот во март како второпласирани од групите, а Австрија и Чешка како две најдобри селекции од Лигата на нации кои не завршија на едно од првите две места во групите.

Познати се и носителите во полуфиналните мечев, а тоа ќе бидат Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска и Велс.

Ждрепката ќе се одржи во Нион на 26 ноември. Репрезентациите ќе бидат поделени во три групи, каде ќе се игра полуфинале и финале, а трите најдобри селекции ќе се пласираат на Светското првенство.

Слични содржини