Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави дека во понеделник попладне ќе го раскине договорот со Газпром.
УЕФА и ФИФА, европската и светската фудбалска куќа, презедоа сериозни чекори и драконски ги санкционираа руските клубови и репрезентацијата.
Тие беа исфрлени од сите натпреварувања до понатамошно известување, а УЕФА истиот ден соопшти дека ја прекинува соработката со еден од главните спонзори на Лигата на шампионите.
Се претпоставува дека УЕФА, според писмото од договорот, добивала околу 40 милиони евра годишно од Газпром.
Бидејќи овој енергетски гигант е во мнозинска сопственост на државата, а Русија ја нападна Украина, УЕФА, која го осуди чинот на агресија, се одлучи на овој чекор.
UEFA has today decided to end its partnership with Gazprom across all competitions.
The decision is effective immediately and covers all existing agreements including the UEFA Champions League, UEFA national team competitions and UEFA EURO 2024.
— UEFA (@UEFA) February 28, 2022
Договорот претходно беше обновен во мај 2021 година и траеше до 2024 година, додека соработката траеше десет години.
Покрај тоа, Газпром со Шалке соработуваше веќе 15 години, а денес германскиот клуб реши да го тргне натписот на руската компанија од дресовите поради војната во Украина.