УЕФА објави дека води истрага за четворица играчи на Реал Мадрид за евентуално прекршување на дисциплинските правила поради нивното однесување во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Фудбалерите под истрага се Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Антонио Рудигер и Дани Себаљос.
Натпреварот се одигра на стадионот „јорганџиите“ на 12 март и го добија „кралевите“ по изведувањето пенали. Сепак, во својата радост по последниот сигнал, речиси сите играчи на Реал застанаа пред еден од секторите. Во горните редови имаше нивни поддржувачи. Сепак, долните беа на Атлетико, што доведе до тензија.
Поради оваа причина, дотичните играчи на „белите“ се обвинети за провокација.
„Марка“ прецизира дека Рудигер е под истрага за гест кој имитира обезглавување. Мбапе се допрел по гениталиите, а Винисиус влегол во пресметка со навивачите пред крајот на натпреварот.
Се верува дека до Дисциплинската комисија на УЕФА се обратил Атлетико Мадрид.