УЕФА ја казни фудбалската централа на Косово со 61.000 евра

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Фудбалската федерација на Косово (ФФК) е казнета со вкупно 61.000 евра од Европската фудбалска федерација (УЕФА) за инцидентите на натпреварот од Лигата на нации против Романија минатиот месец, соопшти УЕФА.

Натпреварот кој заврши со пораз од 0:3 за Косово се одигра на 6 септември на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина.

Натпреварот беше прекинуван неколку пати откако навивачите запалија и фрлаа факели, влегоа на теренот и ја исвиркаа романската химна додека се пушташе на почетокот.

Упатено е предупредување и до ФФК за прекршување на обврските во однос на медиумската активност.

На последниот состанок меѓу двата тима за време на квалификациите за Евро 2024 во 2023 година, УЕФА ја санкционираше Романската фудбалска федерација (ФРФ) поради просрпските скандирања на навивачите.

Натпреварот во Букурешт потоа беше прекинат на 50 минути, откако некои домашни симпатизери скандираа „Србија, Србија“ и истакнаа транспарент на кој пишуваше „Косово е Србија“.

Косово прогласи независност од Србија во 2008 година и го признаа повеќе од 100 земји, но не и Романија, пишува агенцијата Ројтерс.

Слични содржини