УЕФА ја почнува својата одмазда кон „Суперлигашите“

од Stefanija Kuzmanovska
447 прегледи

Желбата на најбогатите клубови да воспостават своја лига може силно да им се удри од глава, не само во смисла на пропаст на целата идеја на самиот почеток.

Имено, УЕФА може да им се одмазди жестоко на најбогатите клубови во Европа, со промени во Лигата на шампионите, пишуваат англиските медиуми.

Според тие извори, УЕФА би можела да одлучи во следниот период да го напушти планот според кој два тима треба да се пласираат во Лигата на шампионите врз основа на историските резултати, а не резултатите во претходната сезона.

Додека 12 клуба ја планираа европската Суперлига, водечката организација на европскиот фудбал во понеделникот го потврди новиот натпреварувачки систем на Лигата на шампионите од 2024 година, според кој ќе се прошири од 32 екипи на 36.

Сепак, важна точка во процесот беше фактот дека од четирите нови места во Лигата на шампионите, две ќе бидат резервирани за клубовите кои се најдобро рангирани на списокот на коефициенти на УЕФА, а кои претходно не се квалификувале во Лигата на шампионите.

На пример, ако ова правило беше на сила пред почетокот на сезоната 2020/21, Арсенал и Тотенхем ќе се пласираа во Лигата на шампионите, иако минатата сезона завршија на осмото и шестото место во Премиер лигата.

Сепак, по распадот на Европската Суперлига, клубовите ширум Европа сега малку се засилија и сфатија дека имаат и моќ, па преку ЕКА (Европска асоцијација на клубови) ќе се обидат да го „избоксуваат“ бришењето на тоа правило во новиот Формат на Лигата на шампионите кој ќе стапи на сила во 2024 година.

Наведено е дека ЕКА ќе побара од УЕФА да ги резервира двете споменати места во Лигата на шампионите од 2024 година за шампионите на земјите кои во моментов немаат загарантирано место во групната фаза од Лигата на шампионите.

Слични содржини