УЕФА ќе бара 300 милиони евра од клубовите и националните лиги за одложување на ЕП 2020 следната година, тврди „Атлетик“.
Според изворите, толку се цени одложувањето на Европското кое требаше да се одржи во 12 различни земји на Стариот континент.
„Предлог-законот“ ќе биде претставен денес во специјалната видео конференција, на која ќе учествуваат претставници на 55 национални федерации, клупската асоцијација и синдикатот на играчи.
Желбата на многу земји е да го одложат ЕП 2020, така што националните првенства да може да се доиграат, поради хаосот предизвикан од пандемијата на коронавирус. Се препорачува да се комплетираат шампионатите откако заразата ќе исчезне.
Ова за прв пат го предложи Италија, каде што болеста е најраспространета.
Предлогот добива се поголема поддршка