УЕФА ќе ги зголеми безбедносните мерки на натпреварите на Европското првенство во Германија за да ги спречи навивачите да влегуваат на терен, но не откри повеќе детали.
На синоќешниот натпревар помеѓу Португалија и Турција (3:0), четворица навивачи истрчаа на теренот и стигнаа до Кристијано Роналдо со кого сакаа да се сликаат. Исто така и по натпреварот во Дортмунд, навивачите се обиделе да дојдат до фудбалерот.
„Секое навлегување на теренот е кршење на правилата на стадионот и ќе доведе до исфрлање од стадионот, забрана за пристап до сите натпревари на турнирот и поднесување кривична пријава за упад на самиот терен“, се вели во соопштението на УЕФА.
На другите натпревари на овогодинешното Европско првенство, навивачите во неколку наврати упаднаа на терените.