УЕФА: Клубовите изгубиле седум милијарди евра поради пандемијата

од Nikola Popovski
325 прегледи

Проектираната загуба на приходи на европските фудбалски клубови во двете сезони откако е пандемијата е седум милијарди евра, објави УЕФА.

Како што се наведува, во извештајот за состојбите во европските фудбалски клубови биле опфатени повеќе од 700 екипи од 54 земји.

Најголем дел од изгубените пари се однесуваат на непродадените билети, а се во износ од 4,4 милијарди евра.

Во двете сезони на пандемијата, само 2% од сите приходи доаѓаат од тој извор, додека во времето пред пандемијата, продажбата на билети изнесувала 16% од вкупните приходи на клубовите.

За разлика од големиот пад на продажбата на билети, тоа не се случило со приходите од спонзори (1,7 милијарди евра) и телевизиските права (900 милиони евра).

И покрај големите финансиски проблеми, платите на фудбалерите во просек пораснале за 2%.

Слични содржини