Првиот човек на Грузиската фудбалска федерација, Леван Кобиашвили изјави дека репрезентацијата може да биде санкционирана од УЕФА за инцидентот по натпреварот со Ерменија (6:1) во Лигата на нации.
Натпреварот меѓу двата тима се одигра на 23 март во Тбилиси. По крајот навивачите на грузиската репрезентација фрлаа пластични шишиња на противничката трибина.
„Таквите постапки му штетат на фудбалот и го нарушуваат меѓународниот имиџ на нашата земја. Споменатиот инцидент најверојатно ќе резултира со санкции од УЕФА, а нашата репрезентација и грузиските фудбалски навивачи соодветно ќе настрадаат“, напиша Кобиашвили на социјалните мрежи.
Грузија ја совлада Ерменија со комбиниран резултат од два меча (9:1) и го задржа местото во Лигата Б од Лигата на нации. Ерменскиот тим ќе испадне во дивизијата Ц.