УЕФА на спонзори им даде 1/3 од картите за финалето на Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Спонзори, репрезентативни лица и корпоративни партнери на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) добиле речиси 1/3 од 63-те илјади билети за овогодинешниот финале на Лигата на Шампионите во Киев.

Тоа значи едвај 40.700 билети на располагање за продажба на фанови, но и тие се поделени во неколку категории и пристапот за масовниот гледач е ограничен.

„Останатите билети (22,300) се обезбедени на локалниот организационен комитет, УЕФА и државни здруженија, медиуми и други“, изјавија од централата.

Финалистите ќе добијат 17 илјади билети, а други 6.700 се предвидени за продажба на веб-сајтот на УЕФА за цел свет. Цените се движат од 70 до 450 евра.

Слични содржини