УЕФА не го квалификува за расизам хаосот во Париз

299 прегледи

Голем хаос се случи во натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир одигран во декември минатата година.

Натпреварот на „Паркот на принцовите“ беше прекинат во текот на првото полувреме поради наводни расистички навреди од судијата Себастијан Колетску кон Пјер Вебо. Мечот продолжи наредниот ден со нови судии, но Колетску го навлече бесот и поминуваше низ тежок период.

УЕФА секако веднаш отвори истрага. Прегледани се сите докази, а како што тврдат романските медиуми донесена е одлука дека во Париз расизам не постоел.

„Про Спорт“ тврди дека УЕФА донела одлука да нема санкции и постапки кон судијата.

„На тој натпревар не постоеше расизам. Романските судии го користеа зборот „негро“ за да го идентификуваат Вебо, но тој збор во романскиот јазик нема навредливо значење“, соопштено е од УЕФА.

Слични содржини