УЕФА нема да ги тужи Барселона, Реал и Јувентус за Суперлигата

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја отфрли тужбата против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, три клуба кои се уште се поврзани со проектот за европска Суперлига.

Судот во Мадрид минатата недела донесе одлука УЕФА да ја прекине постапката против трите клуба, а европската фудбалска централа одлучи да го стори тоа во понеделникот.

„По ќор-сокакот во судскиот процес против Барселона, Јувентус и Реал Мадрид, поврзан со можно прекршување на правилата на УЕФА во врска со таканаречената Суперлига, жалбеното тело на УЕФА ја поништи тужбата, како никогаш да не била покрената“.

Фудбалската федерација, чии водачи проценија дека инсистирањето да се продолжи судењето ќе биде контрапродуктивно.

Но, УЕФА соопшти дека е подготвена повторно да ја покрене тужбата доколку клубовите повторно се активираат и се обидат да ја започнат Суперлигата.

Слични содржини