УЕФА носи важна одлука – само вакцинирани играчи ќе можат да играат на нивни натпреварувања

од Vladimir Zorba
295 прегледи

УЕФА даде важно соопштение и во врска со македонските клубови кои следното лето ќе играат европски натпреварувања.

Имено, Европската куќа на фудбалот објави дека ПЦР тестовите и медицинските ослободувања можат да се користат само на бараж натпреварите меѓу Европската лига и Конференциската лига, а од осминафиналето играчите дефинитивно ќе мора да се вакцинираат.

Ова е навестување дека вакцинацијата ќе биде услов и за настап на европските натпреварувања следната сезона, па клубовите од земјава кои ќе обезбедат пласман во Лигата на шампионите и конференциската лига ќе мора да се погрижат сите играчи да бидат вакцинирани.

Дека УЕФА ги заострува критериумите стана јасно по онлајн средбата на учесниците во следната фаза од третото најважно натпреварување.

Па така македонските клубови, барем оние кои се борат за Европа, треба да се погрижат до лето сите фудбалери да бидат целосно вакцинирани, за да не наидат на несакани проблеми пред настапот на евросцената…

Слични содржини