УЕФА откажа две Европски првенства

од Stefanija Kuzmanovska
366 прегледи

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го откажа Европскиот шампионат за играчи до 17 години во обете натпреварувања овој петок, што требаше да се одржат следната година.

Двата турнири беа закажани за мај, Кипар требаше да биде домаќин на машкиот турнир, а Фарските острови на женскиот.

„Сегашната епидемиолошка состојба во многу делови на Европа го прави нереално одржувањето на натпревари за млади во првите месеци од 2021 година“, изјави УЕФА.

Извршниот одбор на оваа организација, исто така, одлучи да одржи турнири за играчи до 19 години според планираното, подоцна во текот на летото во Романија и Белорусија.

Слични содржини