31
Дисциплинската комисија на УЕФА донесе одлука натпреварот во Букурешт меѓу Романија и Косово во рамките на Лигата на нации да се регистрира со службен резултат 3:0 во корист на домашната селекција.
Покрај тоа, УЕФА го казни романскиот фудбалски сојуз со вкупно 50.000 евра. Исто така, ФС Романија ќе биде казнет со еден натпревар без присуство на публика поради, како што се наведува, расистичко и/или дискриминаторско однесување на нејзините поддржувачи поради, како што се наведува антиунгарски ксенофобични скандирања.
Фудбалскиот сојуз на Косово е казнет со 6.000 евра поради недоличното однесување на своите репрезентативци.