УЕФА подготвува одговор за „узурпаторите“, Чеферин го спореди Ањели со Путин!

од Vladimir Zorba
419 прегледи

Откако се појави веста дека Суперлигата денеска повторно ќе се актуелизира, Александар Чеферин најави нов жесток одговор од УЕФА.

„Кој сака да игра во Супер лигата нема да има право да игра во натпреварувањата на УЕФА“, рече Чеферин и продолжи:

„За основачите на оваа бесмислена идеја, навивачите се само облик на профит. За нас во УЕФА, навивачите отсекогаш биле навивачи, смислата на играта. Уморен сум од овој антифудбалски проект. Прво го започнаа среде пандемија, а сега сакаат да го оживеат додека трае војна. Андреа Ањели е обичен узурпатор, диктатор, тој е фудбалски Владимир Путин. Овој човек нема срам, не го ни допира војната. Изгледа дека живеат во паралелен универзум“, смета Чеферин.

Војната продолжува, а денеска чекаме и официјално соопштение на основачите на Суперлигата кои не се откажуваат од ова натпреварување.

Исто така, имаше информации дека УЕФА веднаш ќе ги елиминира Барса, Реал и Јувентус доколку се обидат да го обноват ова натпреварување …

Слични содржини