УЕФА подготвува санкции против Барса, ПСЖ, Марсеј, Јуве, Рома и Интер за прекршување на финансискиот фер-плеј

од Vladimir Zorba
159 прегледи

УЕФА подготвува казни против десет клубови за прекршување на правилата за финансиски фер-плеј во сезоната 2020/21, пишува „Тајмс“.

Британското издание ги откри имињата на шест од засегнатите тимови – шпанска Барселона, француските Пари Сен Жермен и Марсеј, како и италијанските Јувентус, Рома и Интер.

Четири од тие клубови веќе постигнале договор со европската централа за нивните санкции. ПСЖ и Марсеј ќе се соочат само со парични казни, додека Интер и Рома ќе се соочат со рестрикции на трансфер пазарот, без да се прецизира што значи тоа.

Барселона и Јувентус се во отворена војна со европската централа околу проектот Суперлига и затоа не се договорија за нивната казна.

Авторитетниот весник, исто така, додава дека УЕФА има список со уште 20 клубови кои потенцијално би можеле да ги прекршат финансиските правила. Се споменува само Арсенал, кој е единствениот премиерлигашки клуб под лупа од УЕФА.

Слични содржини