УЕФА покрена постапка против 3 од 12-те клуба кои сакаа да се приклучат на Суперлигата

од Vladimir Zorba
163 прегледи

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус за нивниот обид за стартување на Европската Суперлига.

Постапката беше поведена против три клуба, од 12 што сакаа да играат во Суперлигата, откако Реал, Барселона и Јувентус не се оградија од проектот.

– Во врска со истрагата спроведена од етички и дисциплински инспектори на УЕФА, во врска со таканаречената „Суперлига“, покрената е дисциплинска постапка против Реал, Барселона и Јувентус поради потенцијално кршење на правилата на УЕФА – соопшти Европската куќа на фудбалот, објави Ројтерс.

Се додава дека јавноста ќе биде информирана за понатамошните чекори.

Дванаесет клуба сакаа да ја започнат Суперлигата, но девет се откажаа – Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Манчестер Сити, Челси, Тотенхем, Арсенал, Милан, Интер и Атлетико Мадрид – се повлекоа откако постигнаа договор со УЕФА.

Слични содржини