250
Италијанскиот судија Џанлука Роки направил голема грешка на штета на Ајакс во мечот со Челзи во Лондон во Лигата на шампиони.
Холанѓаните имаа 1:4 на полувреме по што Роки исклучи двајца фудбалери на гостите (Блинд и Фелтман) и досуди два пенала за домашните кои се вратија во живот и на крајот успеаја до бод (4:4).
Европската Куќа на фудбалот на последниот состанок реши да ја признае грешката на Роки кој ја оштетил екипата на Ајакс за која ремито значеше елиминација во групната фаза во ЛШ.
Спортскиот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар, рече дека клубот нема да поднесе жалба бидејќи е „бескорисна и безнадежна за нешто што направила УЕФА“.