УЕФА размислува за укинување на продолженијата во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Европскaта фудбалска централа (УЕФА) сериозно ја разгледува идејата за укинување на продолженијата во нокаут фазата на европските натпреварувања.

Оваа вест ја пренесува „Гардијан“. Така, УЕФА сериозно ја разгледува идејата за укинување на продолженијата во нокаут фазата на европските купови и, во случај на нерешено по 180 минути фудбал (два меча), мечот да оди директно на пенали.

Мерката би се однесувала на играчите кои долго време се жалат на преголемиот број на натпревари во УЕФА календарот. Но, дури и ако оваа иницијатива помине, ќе биде потребно извесно време за да ги видиме придобивките.

Затоа што оваа, може да се каже револуционерна, промена тешко може да се воведе пред 2027 година. Таа година завршува тековниот циклус на ТВ права. Интересно, според последните промени во календарот и воведувањето на нов формат за Светското клупско првенство, кое за прв пат ќе се игра летово, 2027 година ќе биде првиот летен одмор за повеќето најдобри фудбалери.

Продолженијата се користат за одлучување за нокаут фазата на европските купови практично од нивното основање во сезоната 1968/59.

Слични содржини