Фудбалерите на Тотенхем синоќа ја освоија Лигата на Европа, а УЕФА се посрамоти кога се одржа церемонијата на доделување на медалите.
Тотенхем го победи Манчестер Јунајтед со 1-0, а на церемонијата на доделување на медалите во Билбао видовме сцена што не треба да и се случува на сериозна организација како УЕФА.
Златните медали им ги врачи на играчите на Тотенхем претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, но кога дојде редот на клучните играчи од одбраната, средниот ред и нападот, Кристијано Ромеро, кој беше прогласен и за играч на натпреварот, Родриго Бентанкур и капитенот Сон Хеунг-Мин, остана без медали.
Кога сфати дека нема повеќе медали за доделување, Чеферин се сврте кон луѓето од протоколот и по краток разговор со нив, со насмевка им се извини на трите ѕвезди на Тотенхем и се ракуваше со нив.
Значи, фотографијата од победничкиот тим сигурно ќе влезе во историјата бидејќи капитенот со пехарот во рацете нема медал што му виси околу вратот.
За потсетување, единствениот гол на синоќешниот натпревар го постигна Бренан Џонсон во 42-та минута за првиот трофеј на Тотенхем по 17 години чекање и втор вкупно во овој милениум.