УЕФА се заканува со тужби: Сѐ се врти околу гласањето за „Златната топка“

од Nikola Popovski
23 прегледи

Овогодинешната награда „Златна топка“ се уште е една од главните теми. Од разни страни доаѓаат објаснувања зошто Родри ја заслужи наградата повеќе од Винисиус, зошто Винисиус заслужи „дисквалификација“ само поради ароганцијата што ја покажа деновите пред церемонијата, зошто Реал не дојде на церемонијата…

Секако, на социјалните мрежи се појавија приказни дека УЕФА, вклучително и нејзиниот претседател Александар Чеферин, го коментирале изборот.

Во оваа прилика УЕФА соопшти дека се заканува и со тужби:

„Категорично отфрламе какви било приказни за наводна вмешаност на УЕФА во исходот од гласањето за Златната топка. Ниту УЕФА, ниту нејзиниот претседател не објавија соопштенија или коментари за резултати од изборот. Сите извештаи од ваков вид се целосно неосновани и не ја одразуваат реалноста. Ќе го задржиме правото да преземеме правни мерки против секој кој шири такви лаги“, се вели во соопштението на УЕФА.

Слични содржини