Рома ќе игра без поддршка на своите фанови за едно или две гостувања во евротурнирите поради инцидентите пред натпреварот со Ливерпул во вторникот.
Таква казна ќе наложи УЕФА на Римјаните, предвидува авторитетниот весник „Газета дело Спорт“.
Санкцијата ќе биде наложена поради хулиганска манифестација на двајца приврзаници на Рома, кои нанесоа тешки повреди на главата на 53-годишен фан на Ливерпул, кој е во болница во тешка состојба.
УЕФА ја започна истрагата денес по добивањето на сите извештаи од натпреварот. Рома најверојатно ќе платат солидна казна за однесувањето на нивните навивачи.