УЕФА забранува пушење на стадионите: Финалето на ЕП без чад од цигари!

од Nikola Popovski

УЕФА одлучи да донесе револуционерна одлука на денот на борбата против чадот од цигарите, па претстојното финале на Европското првенство ќе бидат без чадот од тутун, а истото ќе важи и за финалето на Европското првенство за репрезентации до 21 година.

– На Светскиот ден на борбата против чадот од цигарите, УЕФА може да потврди дека ќе спроведе политика без цигари што забранува пушење на сите стадиони во финалето на Европското првенство, но и за ЕУРО У21.

Да потсетиме, финалето на Европското првенство ќе се игра на 11 јули 2021 година на Вембли.

Слични содржини