Златан Ибрахимовиќ се најде во големи проблеми откако УЕФА потврди дека против него е покрената истрага за „финансиско учество во работата на обложувалница“.
Познатиот Швеѓанец, кој го носи дресот на Милан, се најде на удар на Европската куќа на фудбалот пред неколку дена откако беше објавено дека Ибрахимовиќ има финансиски удел во обложувалницата наречена „Бетхард“, со што Етичката комисија на УЕФА и официјално започнаистрага.
„Во согласност со членот 31 (4) од дисциплинските регулативи на УЕФА, етичките и дисциплинските инспектори на УЕФА се одговорни за спроведување истрага за потенцијално кршење на правилата на УЕФА од страна на Златан Ибрахимовиќ, кој наводно има финансиски удел во обложувалница“, велат од УЕФА преку соопштение.
Доколку Ибрахимовиќ биде прогласен за виновен, УЕФА, или инаку позната како исклучително ригорозна по ова прашање, ќе го казни Ибрахимовиќ со повеќегодишна суспензија.