Уганда усвои закон кој предвидува смртна казна за хомосексуалците

од Stefanija Kuzmanovska
217 прегледи

Парламентот на Уганда денеска усвои главно непроменета верзија на еден од најстрогите закони во светот против LGBTQ лицата, кој предвидува смртна казна за хомосексуалците.

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, побара да се променат одредени одредби од првичниот предлог на законот, кој беше усвоен од парламентот во март.

И покрај некои измени, новиот закон ги задржува повеќето од најстрогите мерки од законот усвоен во март, објави „Ројтерс“.

Законот предвидува смртна казна за хомосексуалците, а 20 години затвор за „промовирање“ на хомосексуалност.

Мерката, со која се бараше од луѓето да пријават хомосексуална активност, беше изменета за да се бара пријавување само доколку дете било вклучено во активноста.

Соединетите држави и ЕУ го осудија овој закон на Уганда.

Слични содржини