Угина царскиот орел пронајден на Пониква

од Nikola Popovski
70 прегледи

Повредениот и истоштен царски орел што пожарникарите од Доброволното противпожарно друштво од Кочани го однесоа во Зоолошката градина во Скопје заради негово згрижување и ветеринарен третман, откако пред четири дена го спасија од кров на викендичка на Пониква (05.08), за жал угина на ден 06.08, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

Инспекторатот бил известен за случајот од страна на Македонското еколошко друштво, а комуницирал и со Управата на скопската Зоолошка градина и Факултетот за ветеринарна медицина (ФВМ).

Угинатата птица веднаш по угинувањето била однесена на ФВМ при УКИМ, Скопје каде од страна на стручни лица-професори се врши обдукција за да се утврди точната причина за угинувањето.

-Македонското Еколошко Друштво по добивањето на финалниот обдукциски извештај ќе изготви информација за јавноста по 12 август, стои во соопштението на ДИЖС.

Слични содржини