Угинаа три коњи во Скопската зоолошка, постои сомнеж дека се отруени

од Nikola Popovski
500 прегледи

Во скопската Зоолошка градина вчера попладне угинале два коња, а според денешните информации пцовисал уште еден.

Како што објави вчера полицијата, постои сомнеж дека се отруени.

Вработен во Зоолошката градина во Скопје на 29.07.2023 година во 15:40 часот пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња за кои се сомнева дека биле отруени. Се работи на расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Засега молк од раководството на Скопската зоолошка по повод трагичниот настан.

Во Зоолошката градина во мај угина и жирафата Каспер, кај која, како што покажаа анализите, смртта настапила поради инфекција со салмонела.

Македонија веќе го загуби кандидатскиот статус за членство во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА). Како што веќе беше објавено, причините за губање кандидатски статус било прекин на комуникацијата со ЕАЗА во изминатиот период, двегодишна стагнација на Зоолошката, неизградениот аквариум и честото менување директори.

Слични содржини