Угинато куче веќе два дена лежи во Карпош, а никој не го собира: Жителите се жалат на неподнослива смрдеа и опасност од зарази

од Илинка Илиоска
64 прегледи

Во скопската населба Карпош, во близина на болницата „Жан Митрев“, веќе два дена лежи угинато куче кое никој не го отстранил. Според жителите кои ја контактираа редакцијата на „Локално“, ситуацијата предизвикува сериозна загриженост поради непријатната миризба која се шири низ околината.

„Телото на кучето, поради топлото време, веќе се распаѓа. Миризбата е неподнослива, а ниту една служба не се појави да го отстрани телото,“ велат жители од општина Карпош.

Освен миризбата, жителите се загрижени и поради непријатната глетка на ова фреквентно место А, дополнително, како што велат, телото на кучето во фаза на распаѓање претставува и потенцијален извор на зарази. Тие апелираат до надлежните служби итно да преземат мерки за чистење на просторот и заштита на јавното здравје.

Слични содржини