Угостителите бараат неповратна помош во вид на грантови кои би се движеле од 5000 до 15 илјади евра

од Nikola Popovski
359 прегледи

Незадоволни од тоа како тече финансиската поддршка, туристичко-угостителскиот сектор излезе на протест пред Министерството за финансии, барајќи побара финансиска помош од државата за повеќе дејности. Тие најавија дека ќе протестираат секој ден додека не бидат исполнети нивните барања.

„Ќе можете ли да одговрите на барањата и да ни ја обезбедите поддршката која ни е потребна.Бараме еднократна финансиска помош во вид на грант за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во три категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година и еднократна финансиска помош во вид на грант за регистрираните угостителски објект. Работиме под бројни рестриктивни мерки и целосен прекин. Ние изминатите години од нула изградивме бизниси за да ги обезбедиме нашите семејства. А сега егзистенцијата е доведена во прашање. Ако нивниот изборен слоган е „Можеме“ нека покажат дека можат“, изјави Мартин Ангеловски од Туристичко-угостителскта комора на Сојузот на стопански комори.

Бараат неповратна помош во вид на грантови кои би се движеле од 5000 до 15 илјади евра, а за објектите за свадби кои не работат повеќе од една година грантови од 50 илјади евра.

Финансиска помош побараа и сопствениците на игротеките и туристичките водичи, а барањето за посебен протокол за одржување прослави, го повторија и од рестораните за свадби. Тие најавија дека ќе продолжат со протести се додека не се исполнат нивните барања.

 

Слични содржини