Угостителите и туристичките работници излегуваат на протест, Владата ќе им врати дел од изгубените приходи

од Берта Китинска
247 прегледи

Денеска пред министерството за финансии на протест излегуваа туристичко – угостителска комора на Македонија.Тие велат дека нема да се откажат од протестот се додека не им се исполнат барањата.

Излегуваме на протест и остануваат се додека не се исполнат нашите барања. Околу 6000 правни субјекти од угостителите, туристичките агенции, игротеките ќе ни се придружат утре пред министерството за финасии, соопштија денеска од  Туристичко угостителската комора.

-За нас прифатливо ќе биде доколку ни се прифатат барањата, кои ги предлагаме, шестиот пакет мерки  се најавува, а петтиот пакет беше најавен пред Нова година , и видовме кога се донесе .Поентата не е нешто да се најави туку да се изреализира. И во оваа ситуација сме баш заради тоа што не е навремено донесена помошта и не е соодветно скорен повеќето пакети, изјави Мартин Ангеловски од Туристичко угостителска комора.

Оттаму додаваат дека нивните бизниси се под постојана закана од страна на извршителите и нотарите

-Не постои континуитет на економските мерки со цел задржување на работните места и опстојување на деловните субјекти, а веќе ни основна помош не е доволна за да преживеат луѓето кои работат во овој сектор. Бидејќи сме под закани за губење на домовите и објектите од банките и извршителите бараме:Еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година.

Еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада, и кои со месеци немаат никаква помошУтврдување на мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка, се додека не ни дозволи владата да работиме без рестрикции за нашиот сектор.Помошта не е доволна и сред пандемија треба да се помогне на секој кому тоа му е тоа потребно!Време е за солидарност и помош.Секој од нас е важен!Директна неповратна помош за сите во секторот!, бараат од комората.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вчера информираша дека од 27 април влада планира да има одредено олабавување на мерките во смисла на дозволи за работа, но дека будно ќе се следи препораката на Комисијата за заразни болести.

Мерката што денеска ќе биде соопштена во однос на угостителите како дел од шестиот пакет, откри Битиќи, е поддршка на  пресметаниот пад на приходите од 30 отсто овој месец, додека се затворени. Тоа значи, како што објасни, дека на угостителските дејности целиот период во кој се затворени ќе им бидат супституирани 30 проценти од приходите и дополнително ќе им се дадат 50 отсто од бруто минималната плата за секое вработено лице.

Слични содржини