Угостителите бараат новите вакцинални пропусници кои ги наложи Владата за во кафеана, да се повлечат. Анти-ковид мерките на Владата, со кои се забранува целосно работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти за Независната угостителска комора се неприфатливи. Според нив одлуката била избрзана а најавените мерки се неприменливи во пракса.
Од владата не отстапуваат и велат дека предвидените мерки остануваат, додаваат дека тие нема да важат само за кафулиња и ресторани.
– Се забранува во сите угостителски објекти и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, казината и обложувалниците и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, прием на посетители и гости и послужување во затворениот дел на објектите, а во текот на работното време се дозволува работа на отворените делови – тераси од угостителскиот објект и служење пијалаци во внатрешноста на казината, обложувалниците и автомат клубовите, почнувајќи од 16 август 2021 година.
Угостителите предлагаат селективни мерки, онаму каде се појавуваат проблемите и жариштата таму и да се насочат бидејќи чне може поради едно место каде има проблеми да се казнуваат сите угостители.