УХМР: До крајот на неделата променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Според прогнозата на УХМР, до среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од јужен правец.

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Под влијание на нестабилна воздушна маса, до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат над 15 литри на квадратен метар.

Според прогнозата на УХМР, до среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од јужен правец.

Во четврток и петок ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе услови пад на температурата.