УХМР: Македонија зафатена од нестабилна воздушна маса

од Берта Китинска
321 прегледи

УХМР информира дека попладнево земјата беше зафатена од нестабилна воздушна маса претежно во западните делови.

Во Преспанскиот регион имаше појава на невреме проследено со пороен дожд, грмежи силен ветер и појава на град, велат од УХМР.

Наврнат воден талог до 20 часот (во л/м2): 18 Тополчани, 15 Маврово, 7 Прилеп, 5 Тетово, Битола, Попова Шапка, 3 Претор, 2 Берово.

Удари на ветер (во км/ч): 63 Охрид, 58 Скопје-Зајчев Рид, Битола, 45 Штип.