УХМР: Нестабилно со пороен дожд во Гевгелиско и над Скопска Црна Гора

од desk4
89 прегледи

Поголема нестабилна воздушна маса проследена со интензивен пороен дожд и грмежи во моментов има во Гевгелиско, Богданци и Валандово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи во извештајот од 16 часот.

– Друго нестабилно јадро се наоѓа над Скопска Црна Гора, кое се движи во правец кон североисток, наведува УХМР.