29
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во најновиот извештај за невремињата во земјава потенцира дека пороен дожд, грмотевици и громови, силен ветер и град има на подрачјето меѓу Прилеп и Росоман, кај Неготино, Демир Капија и кај Виница и Делчево.
„Насекаде имаме појава на пороен дожд, силни електрични празнење, засилен ветер и појава на град“, соопшти УХМР.
Невреме со силен дожд, грмотевици и град имаше и во Скопје.
УХМР извести и за силна нестабилна облачна маса кај езерото Младот и дел од Велес, како и за силна нестабилност меѓу Штип и Кочани во регионот на Горни и Долни Балван, каде исто така имаше интензивни поројни врнежи од дожд и град, грмежи и засилен ветер.

Карта: УХМР