Денес нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кој локален ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Најпрво ќе бидат зафатени западните делови а потоа кон крајот на денот и во вечерните часови ќе се прошират и во централните и североисточните делови. Процесите се очекува да бидат поинтензивни лолално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, особено во западните делови. Ќе дува повремено и умерен до засилен ветер.
Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.
Во Скопската котлина времето ќе биде променливо а попладне нестабилно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и со грмежи. Врнежите се очекува да бидат поинтензивни кон крајот на денот и во вечерните часови. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.