УХМР: Продолжува периодот на стабилно и топло време

од Radmila Tasevska

Од УХМР соопштија дека продолжува периодот на стабилно и топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 20 степени.

Во понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста, со умерен до засилен ветер од северозападен правец и благ пад на дневните температури.

Слични содржини