По обилните врнежи, проследени со грмотевици и град на некои места, кои зафатија голем дел од земјава, облачните маси со силен дожд се во Струмичкиот и во Кочанскиот регион, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во својата најнова објава за временската ситуација.
И во овие делови има грмежи и засилен ветер.
„Интензивни врнежи на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во Струмичкиот и Кочанскиот регион со можна појава на град. На другата територија на Македонија имаме поројни врнежи на дожд со ретка појава на грмежи и засилен ветер“, сооопшти УХМР пред половина час.