УХМР за утре најавува невреме

од Nikola Popovski
18 прегледи

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре ќе се задржи многу топло време. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Во Скопје, утре во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.

Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5-7 степени во споредба со денешните. Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.

Африканскиот топлотен бран кој неделава ја зафати земјава, го достигнува својот максимум. Денеска се очекува живата во термометарот да се искачи до 41-от степен, а УВ зрачењето ќе биде на највисоко ниво.

Слични содржини