136
Управата за јавни приходи денес до Генералниот Секретаријат на Владата достави Известување за обработени и одобрени барања за финансиска поддршка на 7.710 фирми во износ од 659.324.245 денари.
Заклучно со денешното известување, Управата за јавни приходи одобри и обработи вкупно 17.813 барања за финансиска поддршка на фирми за исплата на плата за месец април 2020 година за 110.325 вработени, а вкупниот износ на финансиската поддршка изнесува 1.545.193.018 денари.
Владата на Република Северна Македонија минатата недела изврши исплата на финансиските средства на 10.103 фирми, а Управата за јавни приходи продолжува со дообработка на останатите барања на фирми кај кои имаше технички недостатоци во МПИН пресметката,се вели во соопштението.