УЈП да поднесе кривични за фирмите кои ја злоупотребиле државната помош, бара Бектеши

од Берта Китинска
377 прегледи

Откако Владата вчера го објави списокот на компаниите кои земале помош од државата преку анти ковид мерките, а парите не ги исплатиле на работниците.

Министерот за економија Крешник Бектеши ја повика Управата за јавни приходи да поднесе кривични пријави за сите фирми што ја злоупотребиле државната помош.

„Ние како влада ќе ги поддржуваме тие што ги исполнуваат условите и сите што имаат потреба и ќе покажат дека биле погодени од пандемијата. Има и одредба каде што се предвидени казни од 500 до 10 000 евра, би сакал да ја повикам и УЈП да поднесе кривични пријави за сите тие што се обидуваат да ги злоупотребат средствата што се даваат од страна на Владата. Ние и јавно ги објавивме тие компании, а ќе следат и дополнителни казни согласно законот“, изјави Бектеши.

На списокот може да се забележат фризерски салони, бутици, книжари, златари, градежни фирми, претежно регистрирани во западниот дел од Македонија.Фирмите може да се соочат и со казни од 500 до 10 илјади евра во зависност од големината на компанијата.

Списокот можете да гo погледнете ТУКА!

 

Слични содржини