УЈП ги демантира ВМРО-ДПМНЕ за постапката која што ја водат надлежните институции за злоупотреба на даночниот систем.

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Управата за јавни приходи ги демантира новодите на ВМРО-ДПМНЕ за работата на УЈП и за постапката која што ја водат надлежните институции за злоупотреба на даночниот систем.

-Управата за јавни приходи остро ги демантира наводите од страна на ВМРО – ДПМНЕ, во кои се изнесуваат невистини за работата на УЈП и постапката која што ја водат надлежните институции за злоупотреба на даночниот систем, се посочува во соопштението од УЈП.

„Од Управата наведуваат дека изнесувањето неточни и лажни информации од страна на ВМРО – ДПМНЕ со кои „се манипулира и доведува во заблуда јавноста“, нанесува штета на работењето на УЈП.

-Институциите како и досега за сите случаи постапуваат согласно своите надлежности, и тоа го прават во интерес на граѓаните. Апелираме јавноста да не потпаѓа на овие манипулации и да ги следи официјалните информациите кои доаѓаат директно од институциите, наведуваат од УЈП.

Слични содржини