Од Управват за јавни приходи информираат дека годишните даночни пријави за 2020 година може да се проверат преку кориснички профил на „е-Персонален данок
-Потврда или корекција на истите се врши најдоцна до 31.05.2021 година.На 01.06.2021 година Годишните даночни пријава ќе добијат статус на конечни. Ако пријавите не се ниту потврдени ниту коригирани истите ќе бидат потврдени службено.
Коригираните Годишни Даночни пријави ќе бидат разгледани и одлучени од службено лице на Управата за јавни приходи, а доколку службеното лице не ја одобри корекцијата на Годишната Даночна пријава ќе се донесе Решение за утврдување на данок на личен доход за 2020 година.
Граѓаните кои сѐ уште немаат свои кориснички профили на „е-Персонален данок“ апелираме да се регистрираат и да ги користат придобивките кои ги нуди овој систем, велат од УЈП.